Фото: EPA/ANDY RAIN

ВИДЕО | Фудбалерите на Хал со гол во 95 минута влегоа во Премиер лигата

Денеска екипата на Хал направи изненадување, откако во финалето на плејофот го совлада фаворизираниот Мидлсбро со резултат 1:0 на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекбарни во самиот финиш од натпреварот, односно во 95 минута, за голема радост кај неговите тимски колеги и навивачите на клубот.

Хал се враќа по девет години во Премиер лигата, и воедно ќе инкасира околу 200 милиони фунти.

Хал претходно го победи Милвол со вкупен резултат од 2:0 во полуфиналето, каде што славеше во Лондон откако ремизираше дома.

Претходно пласман во Премиер лигата за следната натпреварувачка сезона се изборија и Ковентри и Ипсвич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот