Фото: Screenshot

ВИДЕО: Фудбалер од Костарика јавно ја запроси својата девојка, па по три дена романсата заврши

Фудбалерот од Костарика, Дериксон Кирос, стана вистински хит на социјалните мрежи поради неверојатниот пресврт во неговиот љубовен живот.

Играчот на Хелај МС неодамна настапи на натпревар од шампионатот на Гватемала, а по последниот судиски свиреж приреди сцена како од филм. Пред соиграчите и навивачите, тој клекна на колена и ја побара за сопруга својата девојка Венди. Романтичниот момент предизвика воодушевување на трибините, а снимките од запросувањето експресно се проширија на интернет.

Но, само три дена подоцна следуваше шокантен пресврт.

Кирос преку социјалните мрежи соопшти дека врската е завршена, без да открие детали за причините. Со тоа, барем засега, ставена е точка на свадбените планови кои штотуку беа најавени.

Што точно се случило во меѓувреме останува мистерија, но јавноста и навивачите останаа изненадени од брзината со која приказната од бајка се претвори во неочекуван крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот