ВИДЕО+ФОТО: Верица Пандиловска пееше по повод 55-тиот роденден на кралот на Холандија

Верица Пандиловска/ Фото: Фејсбук

По повод Националниот ден на Холандија, познат како Денот на кралот 2022 година, нашата пејачка Верица Пандиловска пееше пред илјадници граѓани во градот Утрехт. Холандскиот крал Вилем Александер тој ден го прослави неговиот 55-ти роденден.

Верица Пандиловска/Фото: Фејсбук

Претходно овој ден бил познат како Ден на кралицата. На роденденот на кралот Вилем Александер жителите на Холандија, особено во Амстердам уживаат во најголемите и најживописни свечености. Целата нација празнува и се чини како секој жител на овој ден да го слави сопствениот роденден.

„Данот на кралот на Холандија. Ви благодарам за можноста која ми ја дадовте на овој специјален ден за Холандија и кралот Вилем Александер. Ми беше огромна чест и задоволство да пејам пред холандскиот надор во Утрехт. Се гледаме наскоро. Им благодарам на граѓаните на Утрехт. Се гледаме наскоро. Им благодарам на граѓаните на Утрехт“, напиша Пандиловска во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот