ВИДЕО: ФК Вардар најостро го осудува националистичкото дивеење на домашните навивачи во Чаир

фото: принтскрин/facebook.com/FKVardarSkopje

Во неделата во рамките од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига Шкупи триумфираше со 2:0 против Вардар.

Фудбалскиот клуб Вардар денеска излезе со соопштение во кое го осудува вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи во населбата Чаир.

Кон фудбалерите на Вардар беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а воедно во неколку навреди беа истакнати силни националистички пораки.

– Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир. За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки, кои немаат никаква врска со спортот.

Недозволиви беа пораките, со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво!

Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир.

Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано! Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал вчера, наместо да доминира фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани!

Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги превземат неопходните мерки, со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат – пренесуваат од ФК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот