ВИДЕО: Феенорд и Славија дадоа шест гола, домаќинот остана без триумф во 95 минута

Феенорд и Славија постигнаа по три гола во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на конференции/ фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Фудбалерите на Феенорд и Славија Прага одиграа одличен натпревар на кој постигаа шест гола во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на конференции. На крајот, средбата заврши без победник (3:3), а Славија израмнувачкиот гол го даде во петтата минута од судиското продолжение.

Феенорд поведе уште во 10 минута преку Луис Синистера по асистенцијата на Нелсон по што на сцена стапија фудбаерите на Славија. Чешкиот шампион прво преку Олајника во 41 минута го израмни резултатот, а потоа во 67 минута, Јира Сор погоди за 1:2.

Но, потоа следеше нов пресврт, овој пат на Феенорд кој со головите на Маркос Сенеси во 74 и на Оркун Кокчу во 86 минута поведе со 3:2. Но, предноста на домашниот тим ја анулира Ибрахим Траоре со голот во 95 минута од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот