ВИДЕО | Федерер се расплака на концерт на Андреа Бочели

Фото: Screenshot

Додека Новак Ѓоковиќ и понатаму руши рекорди на тениските терени, Роџер Федерер ужива во деновите во пензија. Славниот Швајцарец сега се појави на концерт во Цирих на познатиот оперски пејач Андреа Бочели.

Италијанецот го забележа Федерер во првите редови, па го покани на сцената и во негова чест ја испеа „Несун Дорма“. Федерер во тие моменти не можеше да ги задржи емоциите и се расплака на сцената пред публиката.

Кариерата Федерер ја заврши во септември 2022 година со настап на Лајвер Купот каде што во негова чест настапија неговите долгогодишни ривали на теренот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот