ВИДЕО | Фатална несреќа во Британија – камион заврши во река, камионџијата почина

Бурата Чандра донесе обилни врнежи, поплави и сериозни сообраќајни проблеми во повеќе делови на Британија, а властите предупредуваат на опасност по животот и можни нови евакуации.

Камионџија загинал откако неговиот камион вчера излетал во река за време на бурата Чандра, која ја погоди Велика Британија. Полицијата на Хемпшир потврди дека возачот, маж во шеесеттите години, починал на местото на несреќата во Њу Форест, пишува Sky News.

Полицијата соопшти дека пријавата за несреќата била примена вчера нешто по 13 часот.

„Примивме пријава дека камион излетал во река кај Ringwood Road во местото North Gorley“, изјави портпарол на полицијата. „Во тек е истрага за да се утврдат точните околности кои довеле до смртта на возачот“, додаде тој.

Бурата Чандра вчера донесе обилни врнежи од дожд, поплави и сообраќајни потешкотии во бројни делови на Британија.

Поради последиците од невремето и натаму се на сила бројни предупредувања, а метеоролошката служба Met Office најавува дека нови врнежи би можеле да предизвикаат дополнителни проблеми.

Особено критично е во Дорсет, каде Агенцијата за животна средина издаде предупредување од највисок степен, кое означува опасност по животот. На жителите на едно населено место им е наредено „што е можно побрзо“ да ги напуштат своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот