Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

ВИДЕО | Фатален удар: Славниот диџеј Стив Аоки фрли торта во публиката и нокаутираше обожавател

Иако секој пејач има свои перформанси по кои сака да биде забележан на сцената,  фрлањето храна во публика не е вообичаено. Токму овој „ритуал“ го практикува светски познатиот музичар и диџеј Стив Аоки кој на своите настапи фрла торта кон публиката. Колку сето ова да изгледа безбедно, сепак пред неколку дена Аоки на својот концерт замавнал толку силно што буквално онесвестил еден од своите обожаватели во публиката.

Стив на својот инстаграм-профил го објави видеото од инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pubity (@pubity)

Коментарите беа поделени, а имаше и од оние кои не изразија загриженост за здравјето на дечкото кого Аоки го онесвести, што не е чудно, бидејќи обожавателите доаѓаат на концерти со молби напишани на транспаренти, да ги погоди со торта, иако никој не очекуваше дека еден удар може да биде фатален.

Во исто време, Аоки никогаш не прави ништо случајно. Сите торти мора да бидат правоаголни, со одредена тежина и украсени со шарена глазура за да изгледаат како роденденски торти.

„Тортите треба да се направат според строги спецификации“, изјави тогаш менаџерката на Аоки, Џули Мари за американските медиуми.

Нејзината задача е да донесе торта од слаткарница на плех од стиропор, чии димензии се 25×25 сантиметри. Тортата не смее да тежи повеќе од половина килограм, односно да биде доволно лесна за Аоки лесно да ја фрли и да не повреди никого, но и доволно силна за да не се распадне на почетокот на „летот“.

Вкусот на тортата не е од пресудно значење, но слаткарите кои се задолжени за истата  изјавија дека „избегнуваат да прават нешто што има лош вкус, само затоа што ќе биде фрлена од сцената“.

Инаку, Стивен Хиројуки Аоки, попознат како Стив Аоки, е и американски музички продуцент и диџеј, двапати номиниран за Греми. Кога почнувал да гради кариера, работел 361 ден во годината, а сега е еден од најплатените и најбараните диџеи во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот