ВИДЕО | „Фанк Шуи“ во живо за првпат на фестивалот „ESNS“ во Гронинген

Фанк Шуи/Инстаграм
Фанк Шуи/Инстаграм

Еден од најпрогресивните македонски бендови „Фанк Шуи“ на својот официјален инстаграм-профил со своите бројни обожаватели деновиве споделија новитет дека имаат нова тапанарка, но не застанаа на тоа.

Момците и девојката од ова трио вчера имаа настап во живо на еден од најреномираните фестивали за нови млади артисти во Европа, „ЕSNS“ во Гронинген, Холандија кој собра неверојатни свежи имиња од музичката сцена и од 19 до 22 јануари ги споделува нивните живи настапи.

Овој фестивал беше своевремено „отскочна штица“ на имиња како Дуа Липа, Франц Фердинанд, Вајт Лајс, Аурора и многу други. „ЕSNS“ или Еуросоник е „showcase“ фестивал кој буквално ја собира целата креативна музичка заедница на продуценти, музички медиуми, музичари, бендови, пејачи и артисти од индустријата.

Настапот на „Фанк Шуи“ што се случи вчера е неверојатно енергичен, а во тоа можете да се уверите и сами:

Моќно прелевање на модерниот звук со фолклорните сегменти во „Не време“ и силен набој со крајната „Сомнежи“ во заокружување со „Ветер“.

Бендот даде изјава за „Слободен печат“:

„Ова ретко се случува, ние сме единствен бенд од Македонија кој настапува на овој фестивал“

Честито дечки и само напред!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Funk Shui (@funkshui_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Funk Shui (@funkshui_)

ФОТО | Новина во триото „Фанк Шуи“: Доаѓа женска енергија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот