ВИДЕО | „Фанк Шуи“ го сакаат Скопје такво какво што е: Новиот видеоспот за песната „Никогаш пак”

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Фанк Шуи“ оставија зад себе уште една успешна година, со многу концерти во Европа и регионот, како и двата скопски концерти на кои го промовираа нивниот трет студиски албум „Никогаш пак“.

Оваа година ја започнуваат со нов видеоспот за песната „Никогаш пак“, кој го работеле со Владислав Гавриловски. Целата музика и текст ја потпишуваат „Фанк шуи“, а продукцијата е на Бен Милчев.

Во изјава за „Слободен печат“ Лука Ѓоргиевски, фронтменот на „Фанк Шуи“ за новиот видеоспот вели:

– Низ интуитивниот објектив на Владислав Гавриловски, тогашните „Фанк Шуи“ го изгазија Скопје ширум точките на неговата мапа, на кои ја должат инспирацијата за да бидат кои се.

„Фанк Шуи“ во овој спот се поклонуваат на сопствената дома, на сопственото Скопје и го сонуваат какво што е, а не какво што сакаат да го видат. Го сакаат и такво, колку и да остана од „Фанк Шуи“.

– Спотот е снимен низ локациите кои ги искористивме за осознавање и оформување на сами себе во младоста, кои ги осеќаме како дома, можеби повеќе од сопствените тогашни домови. Обидот е да се долови бруталистичката архитектура, потписот на нашето родно место и симболот на солидарноста и давањето, начинот на кој ние го разбирам и сфаќаме Скопје и нешто, што можеби се третира и во текстуалноста на оваа песничка.

Оддаваме почит кон Скопје заедно со Владислав Гавриловски, визуелниот резидент и камерманско/режисерскиот ум на оваа бетонска градина од спот. Песната е балада за превртливата врска помеѓу писателот и Скопје и неколку скопјани. Сите други писателот ги сака и ќе биде тука за нив, како 78-те земји кои беа тука за Скопје по земјотресот во 1963 – вели Лука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот