ВИДЕО | Eтеми му даде два гола на големиот Фенербахче!

Фото: İstanbulspor A.Ş.

Македонскиот репрезентативец, Валон Етеми постигна два гола вечерва во градското дерби помеѓу Фенербахче и Истанбулспор кое заврши без победник 3:3.

Етеми погодоците ги постигна во 57-ма и 66-та минута од натпреварот. Во дресот на Фенербахче одличен натпревар одигра Езгјан Алиоски кој го одигра целиот натпревар. Етеми на теренот беше до 81-та минута.

Фенербахче на табелата е втор со 64 бодови, шест помалку од лидерот Галатасарај додека Истанбулспор е на 15-тата позиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот