Фото: Screenshot/X

ВИДЕО| Енрике е гениј: Еве зошто голманот на ПСЖ често ја исфрлаше топката во аут на левата страна

Иако ретко се споменува меѓу најголемите фудбалски стратези на денешницата, Луис Енрике уште еднаш покажа зошто важи за еден од најиновативните тренери во Европа. Во полуфиналниот дуел против Баерн Минхен, тренерот на ПСЖ со маестрален тактички потег успеа целосно да го неутрализира најопасниот офанзивец на германскиот тим, Мајкл Олисе.

Иако Олисе неколкупати се обиде да пробие по крилото, речиси и да не успеа сериозно да се закани кон голот на Матвеј Сафонов. Причината лежеше во специфичната поставеност на играчите на ПСЖ, кои постојано создаваа бројна надмоќ во зоната каде што напаѓаше францускиот репрезентативец.

Олисе во текот на целиот натпревар најчесто беше удвојуван, а поради густата концентрација на играчи немаше простор за своите препознатливи продори и дриблинзи.

Но, најинтересниот дел од тактиката на Енрике беше начинот на кој ја создаваше таа предност на теренот. Шпанскиот стратег му даде наредба на голманот Сафонов при гол-аут намерно да ја исфрла топката во аут и тоа токму на страната каде што се движеше Олисе.

По секое такво исфрлање, камерите го снимаа Енрике како веднаш ги повикува своите фудбалери да се префрлат на таа страна од теренот и да извршат дополнителен притисок.
На прв поглед едноставен потег, но тактички речиси совршен, ПСЖ свесно му го препушташе поседот на Баерн, но истовремено добиваше подобра позиција на теренот и ја нарушуваше офанзивната поставеност на германскиот тим.

Со тоа, Олисе постојано остануваше без простор и под силен притисок, а токму оваа стратегија се покажа како едно од клучните оружја на ПСЖ во борбата за пласман во финалето на Лигата на шампиони на УЕФА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот