ВИДЕО | Емотивно обраќање на Селин Дион: „Прекрасен потсетник да застанеме и да здивнеме“
Музичката дива, која боледува од синдром на вкочанета личност, им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи – a тие беа воодушевени од нејзиниот потег.
Пејачката Селин Дион (57) се огласи на социјалните мрежи и им го честиташе Денот на благодарноста на сите. Со оглед дека боледува од тешка болест, многумина коментираа дека се гледа напредок во нејзината здравствена состојба.
Препорачано
„Драги пријатели, денес е прекрасен потсетник да забавиме, длабоко да здивнеме и да бидеме благодарни. Има нешто моќно во тоа да се собереме со оние што ги сакаме, било за маса полна со храна, преку телефон или само во нашите срца. Толку сум благодарна на моето семејство и на моментите што ги споделуваме, кои ми значат најмногу на целиот свет. Нека вашиот Ден на благодарноста биде исполнет со радост, мир и благодарност за сè – дури и за оние мали нешта. Среќен Ден на благодарноста, од мене и моето семејство … до вас и вашите“, порача Канаѓанката.
View this post on Instagram
Синдромот на вкочанета личност е редок невролошки синдром кој предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви што се појавуваат и исчезнуваат, а со текот на времето можат да се влошат.
Во видеото објавено на нејзиниот инстаграм-профил, пејачката емотивно објасни:
„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми создаваат тешкотии при одење и не ми дозволуваат да ги користам моите гласни жици за да пеам на начин на кој сум навикната. Секој ден напорно работам со мојот терапевт за да ја вратам силата и способноста повторно да настапувам, но морам да признаам дека ова беше борба. Единственото што знам е да пеам. Тоа е она што го правам целиот живот и тоа е она што најмногу го сакам“, рече таа во емотивното видео.


