ВИДЕО | Емотивна средба по победата: Најубавата жена во светот во прегратките на своето семејство
Викторија Кјер Теилвиг (21) од Данска во саботата ја понесе титулата Мис Универзум 2024 година, со што стана првата Данка што победила на натпреварот. Убавата Данка се занимава со танцување, претприемништво и работи за еден ден да стане адвокат.
Препорачано
Нејзина голема поддршка, се чини, е семејството, кај кое „потрча“ во прегратка веднаш по победата во главниот град на Мексико.
Новата најубава жена во светот се сретна со својот татко, брат и сестри. Таа силно го прегрна својот татко, држејќи ја круната на главата, а нејзината сестра се расплака кога конечно се прегрнаа. Емотивната средба ја снимија камерите, а видеото набрзо стана вирално.
Инаку, повеќе од 120 кандидатки учествуваа на 73. издание на овој избор за најубава жена на светот, меѓу кои и 21-годишната Македонка Теа Ѓоргиевска. За жал, нашата претставничка не успеа да се пласира меѓу 30-те финалистки.
За прва придружничка е избрана Чидима Адецина од Нигерија, втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико, а во првите пет убавици се пласираа Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркез Педроса од Венецуела.
View this post on Instagram


