ФОТО+ВИДЕО | Македонска убавина на Мис Универзум: Теа Ѓоргиевска се претстави во традиционална носија!
Кумановката Теа Ѓоргиевска (21) е прва македонска претставничка во историјата на престижниот избор за убавина – Мис Универзум, кој годинава го има 73. издание и се одржува во Мексико Сити, Мексико.
Препорачано
Во конкуренција од 125 учеснички од различни земји ширум светот, младата Ѓоргиевска ќе се обиде да се избори за титулата „најубава жена на светот“. Иако финалето ќе се одржи утревечер (16 ноември), убавиците веќе почнаа со своите активности во рамки на нивното претставување.
Вчеравечер се одржа прелиминарниот избор, на којшто се претставија сите 125 учеснички и продефлираа во национални костими, вечерни тоалети и костими за капење. Ова ги постави темелите за изборот на триесете полуфиналистки. Оваа година натпреварувачките имаа можност да ја покажат не само својата физичка убавина, туку и ставовите во проектите на „Глас за промена“ фокусирани на различни општествени прашања, што стана важен критериум за избор на победник.
Македонската претставничка блесна во традиционална македонска носија. чија главна карактеристика е везот со раскошни и геометриски шари, како и специфичните орнаменти и мотиви.



