Наполи/SSC Napoli

ВИДЕО: Елмас доби одмор од Конте, Мектоминеј донесе три бода за Наполи

Наполи со минимална победа го отвори 30. коло во Серија А, откако на гостувањето кај Каљари славеше со 1-0.

Тимот предводен од Антонио Конте дојде до предност уште на самиот почеток, кога Скот Мектоминеј ја затресе мрежата во втората минута и го постави конечниот резултат.

До крајот на натпреварот, и двата тима имаа свои моменти, но без реализација. Домаќините најмногу се заканија во самиот финиш, сепак не успеаја да го избегнат поразот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас овојпат остана надвор од почетниот состав и целиот меч го проследи од клупата, по серијата настапи во кои претходно редовно беше стартер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот