ВИДЕО | Експерт ја откри тајната на младешкиот изглед на Бред Пит? Се чини дека тој старее наназад

Фото: ЕПА / Профимедиа

Британскиот доктор по естетска хирургија Џони Бетериџ во своето ново видео на Инстаграм објасни дека актерот Бред Пит (60) најверојатно има направено одредена хируршка интервенција на лицето за да го задржи младешкиот изглед.

Имено, Бетериџ тврди дека актерот направил лифтинг на лицето. Во видеото кое стана вирално тој ги спореди фотографиите на актерот од 2020 година и од 2023 година, посочувајќи дека Бред всушност изгледа мнгу подобро во 2023 година отколку три години претходно.

„Во 2020 година Бред покажа нормални знаци на стареење. Сепак, на тенискиот турнир ‘Вимблдон’, летото 2023 година, актерот изгледаше многу поинаку и помладо. Како да старее наназад, што е иронично затоа што го глумеше Бенџамин Батон. Ова е одличен пример за добра пластична хирургија“, заклучи тој.

„За да имате такво ниво на лифтинг и контурирање на лицето, особено во средишниот и долниот дел на лицето, не можете да ги постигнете тие резултати со нехируршки методи“, тврди докторот за „Сан“.

Па, доколку Бред навистина направил лифтинг на лицето, постапката, вели Бетериџ, би чинела повеќе од 100.000 фунти (околу 117.000 евра), а закрепнувањето би траело два до три месеци.

Многумина се вклучија во дебатата на социјалните мрежи и рекоа дека веруваат дека младешкиот изглед на актерот е благодарение на здравиот режим за нега на кожата и одличните гени.

Во продолжение погледнете го видеото:

Бред Пит доби сметка за данок за лозјето во Франција: Среќен е што треба да плати 1,5 милиони евра

Бред Пит доби сметка за данок за лозјето во Франција: Среќен е што треба да плати 1,5 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот