Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | ЕХФ го избра голот на Дејан Манасков за најубав во групната фаза на Лигата на шампионите

Неодамна завршија натпреварите од групите во ЕХФ Лигата на шампионите, актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер не успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата.

По завршувањето на групната фаза, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави најдобрите 10 голови од првиот дел од елитното европско клупско натпреварување.

На 15 октомври минатата година во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, тимот на Еурофарм Пелистер играше против Барса и го загуби тој меч со 34:30.

Еден од погодоците на домаќините е прогласен за најубав од групната фаза на ЛШ, станува збор за погодокот на левото крило Дејан Манасков кој успеа од тежок агол по асистенцијата на Никола Митревски од својот гол да комплетира прекрасен цепелин.

Токму Манасков беше најдобар стрелец од редовите на Еурофарм Пелистер во групната фаза постигнувајќи 68 голови од 95 обиди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот