ВИДЕО | Еден ден по поразот во финалето, илјадници навивачи на Арсенал славеа на улиците во Лондон
Еуфорија владееше денеска во северен Лондон, каде што илјадници навивачи на Арсенал излегоа на улиците за да го прослават освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата, прва за клубот по пауза од 22 години.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Свечената парада започна во попладневните часови, а фудбалерите и стручниот штаб на „топчиите“ на отворени автобуси продефилираа низ градските улици, поздравувани од огромна маса приврзаници. Голем дел од навивачите уште од рано наутро ги зазедоа своите места долж трасата за да бидат дел од историското славје.
На прославата се приклучија и фудбалерките на Арсенал, кои оваа сезона исто така имаа причина за радост, откако го освоија трофејот во Женската Лига на шампиони и испишаа нова страница во клупската историја.
Славеничката атмосфера доаѓа само еден ден по големото разочарување на машкиот тим во финалето на Лигата на шампионите. Арсенал беше на чекор до европската круна, но во драматичен натпревар загуби од ПСЖ по изведувањето пенали.
И покрај пропуштената шанса за двојна круна, навивачите не ја криеја гордоста за сезоната на својот тим, претворајќи го северен Лондон во вистинска црвено-бела фудбалска прослава.
Arsenal trophy parade in London,Premier League champions celebration(UK) 3105026 pic.twitter.com/rbXZYt7Rjz
— john l (@Maeestro) May 31, 2026
Massive turn out from Arsenal fans for the parade.
Wow this is insane 🤯 pic.twitter.com/4lVGTVg8GF
— The Football Era (@Footballera0) May 31, 2026


