Џон Бон Џови - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Џон Бон Џови се враќа на музичката сцена по операцијата на гласните жици: По 3 години пауза, најави турнеја и во Европа

Легендарниот рок-бенд „Бон Џови“ следната година се враќа на европските сцени во рамките на својата турнеја „Forever Tour“, со настапи во Единбург, Даблин и Лондон.

Фронтменот Џон Бон Џови (63), по прилично тешкиот период и операцијата на гласните жици, откри како се чувствува по повод големото враќање, но и проговори за својата нова улога на дедо.

Турнејата „Forever“, која ќе започне во 2026 година, го означува враќањето на бендот четири години по операцијата на гласните жици на Џон Бон Џови, поради која иднината на групата беше неизвесна.

Во интервју за „Скај њуз“, пејачот изјави дека е „возбуден и благодарен“ што повторно е во форма.

„Видов неверојатен напредок! Бендот, па дури и целата екипа, ми покажаа сосема ново ниво на пријателство, посветеност и љубов во текот на овие три години кога, знаете, немаше приходи. А нивните семејства трпеливо чекаа. Никогаш не ја изгубија верата, што ми помогна да продолжам да се борам,“ изјави Бон Џови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bon Jovi (@bonjovi)

Неодамна стана дедо

Неговиот син Џејк и сопругата Мили Боби Браун оваа година добија ќерка, па Џон стана дедо.

„Лудо е, прекрасно, и чувствуваш одговорност за децата на своите деца. Празниците оваа година ќе бидат многу поубави,“ откри тој.

Актерот и музичар со насмевка додаде дека веќе станал „типичен дедо“:

„Сакам да гледам фотографии – барем секој втор ден. Веќе сум тој ’досаден тип‘, и да, прекрасно е.“

Европска турнеја

Европскиот дел од турнејата на познатиот бенд ќе започне во Единбург на 28 август 2026 година, ќе продолжи во Даблин на 30 август, а ќе заврши со голем концерт во Лондон на 4 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bon Jovi (@bonjovi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот