ВИДЕО | Џибони се збогува со Матија Дедиќ: „Брате, ќе се сретнеме таму каде што прстите ја допираат тишината“
Еден од најпознатите џез-пијанисти во регионот, Хрватот Матија Дедиќ, почина вчера во Загреб на 53-годишна возраст. Веста за неговото заминување ја потресе музичката сцена во Хрватска и пошироко, а бројни колеги и обожаватели се простуваат од уметникот.
Препорачано
Со емотивен поздрав се огласи и неговиот близок пријател и соработник, пејачот Златан Стипишиќ – Џибони.
„Мил мој дечко, ние што се нарекувавме браќа… Ти благодарам за душата, топла и племенита. Ти благодарам за годините пријателство, искрено и ретко. Ти благодарам за музиката, брате. Ќе се сретнеме повторно, некаде таму каде што прстите ја допираат типката, помеѓу шепотот и тишината… Те сака твој Гибо“, напиша Џибони на Инстаграм, споделувајќи снимка од нивен заеднички настап.
Матија Дедиќ беше син на двајца големи уметници – легендарниот кантавтор Арсен Дедиќ и пејачката Габи Новак. Роден е во Загреб во 1973 година и уште од најрана возраст чекореше по патеката на музиката. Средното музичко училиште „Ватрослав Лисински“ го заврши во родниот град, по што се изгради како еден од најценетите џез-пијанисти на Балканот.
Најголемата љубов на Арсен Дедиќ: На неа ѝ ги посвети најубавите стихови и беа заедно до самиот крај


