ВИДЕО: Џенова му откина бод на Интер, пресврт на Лацио на „Олимпико“

Раду Драгушин донесе бод за Џенова против Интер/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Во рамките од 18 коло во најсилното италијанско фудбалско првенство екипите Џенова и Интер ремизираа 1:1 на стадионот „Луиџи Ферарис“.

Двата гола беа реализирани во текот на првото полувреме, први стекнаа предност миланските „нераѕури“ преку Арнаутовиќ, а Џенова го избегна поразот непосредно пред паузата кога мрежата на Зомер ја затресе Драгушин.

Интер останува на првата позиција во Серија А со 45 бодови, додека Џенова е на 13 место со 20 бодови.

Лацио ја оправда фаворитската улога против Фросиноне славејќи со резултат 3:1 на „Олимпико“ во Рим.

Гостите водеа од 57 минута со погодокот на Суле во 57 минута, но за две минути домаќините направија целосен пресврт благодарение на Кастељанос и Исаксен. Конечниот епилог го постави Патрик во 84 минута од средбата.

Наполи дома ремизираше без голови со Монца, додека Фиорентина со голот на Раниери во 83 минута триумфираше над Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот