Џака Фото: EPA/SALVATORE DI NOLFI

ВИДЕО | Џака доби свирежи во Приштина: Изненаден сум, не го очекував ова

На стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина синоќа се одигра последниот квалификациски натпревар за Светското првенство, каде Косово го пречека тимот на Швајцарија. Иако натпреварот заврши со реми 1-1, главна фигура на теренот беше капитенот на Швајцарија, Гранит Џака кој беше исвиркан од страна на домашната публика.

Гранит Џака, кој има албанско потекло наместо овации, се соочи со свирежи од навивачите на Косово, што го изненади.

„Изненаден сум. Ова е последното нешто што можев да го очекувам, искрено. Особено тука, дома. Искрено, боли,“ изјави Џака по завршувањето на натпреварот.

Тој додаде: „Не ми се допадна, но без разлика на тоа, морав да се фокусирам на натпреварот. Се е во ред.“

Свирежите не беа единствените непријатности за Џака. Според косовските медиуми, тој влегол во вербален дуел со еден од водачите на навивачите на Косово, што уште повеќе ја зголеми тензијата на стадионот.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот