Андреј Тодороски/TSC Backa Topola

ВИДЕО | Два гола на Тодороски во победата на Бачка Топола

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски продолжува со одличните настапи во дресот на Бачка Топола, каде што се наметнува како еден од клучните играчи во тимот.

Во убедливата победа од 4-1 против Спартак Суботица, Тодороски беше меѓу најзаслужните, откако постигна два погодоци и даде значаен придонес во триумфот.

Првиот гол го реализираше во 17. минута, носејќи израмнување на 1-1, додека вториот го постигна во финишот на натпреварот за водство од 3-1, со што практично го реши победникот.

Со овие два гола, македонскиот напаѓач стигна до вкупно шест погодоци во првенството, потврдувајќи ја својата добра форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот