Фото: Принтскрин / Инстаграм / Тикток

ВИДЕО | Дури и внуката на Доналд Трамп треба да заработи џепарлак: Каи снимена како работи во „Данкин донатс“

Младата Каи Трамп е медиумски најекспонираната внука на американскиот претседател Доналд Трамп, а сега покажа како се снаоѓа додека работи на каса, пренесува „Дејли мејл“.

Откако актерот Бен Афлек откри дека не сака да му ги исполнува сите желби на својот син Самуел, Доналд Трамп го покажа истото. Поточно, Доналд Трамп помладиот и Ванеса Трамп кои ја „принудија“ својата ќерка Каи Трамп да бара летна работа и да заработува џепарлак.

„Работам во „драјв-тру“ во „Данкин донатс“, напиша таа на социјалните мрежи и го сподели своето искуство од работата во ресторанот за брза храна.

@thekaitrumpgolfer If it’s on the Dunkin’ menu, I tried it! Full video on YouTube now 👀 #foryoupage #foodie #fyp #viral ♬ original sound – Kai Trump


Во видеото што го објави, 18-годишната девојка може да се види како блеска во боите на компанијата: во светло розова маичка, портокалово здолниште и бели патики.

Иако Каи всушност не е најновата вработена во ресторанот, таа ги проба сите пијалоци достапни во менито и со тоа го промовираше местото. Имено, се чини дека ова е соработка помеѓу Трамп и познатиот синџир од која имаат корист двете страни – „Данкин донатс“ на тој начин се рекламира меѓу поддржувачите на Трамп, а членовите на семејството Трамп се прикажани како пристапни и опуштени, кои не се плашат да „засукаат ракави“.

Инаку, тинејџерката го лансираше својот Јутјуб канал само неколку дена откако Доналд победи на изборите во САД, и оттогаш собра 1,16 милиони претплатници.

ВИДЕО | Внуката на Доналд Трамп стана популарна инфлуенсерка по неговата победа: Снима видеа со својот дедо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот