„Дупер“ - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | „Дупер“ со нов сингл и видеоспот: „Може може може“

Македонскиот бенд „Дупер“ ја претстави својата најнова песна „Може може може“, свежа и духовита приказна за притисокот што сите го слушаме барем еднаш во животот – „Кога свадба?“. Со препознатливиот хумор и урбаниот стил, „Дупер“ повторно ја погоди атмосферата што ги поврзува со публиката.

Авторите на музиката и текстот се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а аранжманот го потпишува Борис Какуринов. За видеото и монтажата е заслужен Стефан Биков.

Спотот е снимен во Природонаучниот музеј, што на песната ѝ додава уште една симпатична и неочекувана димензија.

Во изјава за „Слободен печат“, Борис Какуринов ја откри идејата зад песната:

„Песната е за тоа како сите нè прашуваат кога ќе се жениме. Сега конечно сме спремни. Само уште да најдеме со кого. Спотот го снимавме во Природонаучен музеј. Тоа ни беше желба со години затоа што ни е убав спомен од детство. Плус, изгледа како никаков друг простор во земјава.“

Синглот веќе е достапен на дигиталните платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот јутјуб канал на бендот. Дупер уште еднаш донесуваат нов, свеж звук, со доза на самоиронија, многу урбана енергија и препознатлив стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот