Фото: Screenshot

ВИДЕО | Драматични сцени во Бразил: Фудбалер колабираше на теренот

Натпреварите од осмото коло во бразилската Серија А одиграни изминатата ноќ ќе останат во сенка на случувањата на натпреварот помеѓу Кујаба и Коритиба.

Играчот на Коритиба, Кајо Цезар колабираше на теренот, младиот напаѓач на гостите падна без свест на тревата и сите дотрчаа да му пружат помош.

На 19-годишниот играч му беше укажана помош и беше префрлен во болница каде што за среќа состојбата му се стабилизирала. Фудбалерот се огласи од болница и испрати порака дека се чувствува добро.

Во драматичниот момент резултатот беше 1:0 за домаќините кои поведоа со голот на Фернандо Собарал, но во 49-тата минута резултатот го изедначи Робсон и така и донесе важен бод на Коритиба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот