Фото: EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

ВИДЕО | Дортмунд го победи Мајнц за да се приближи до Баерн

Одлично прво полувреме и на крајот убедлива победа на фудбалерите на Борусија Дортмунд од 4:0 (3:0) над Мајнц во 22 коло од Бундеслигата.

Момците на Нико Ковач имаа сè во свои раце: доминација, шанси и голови за веќе огромни 3:0 пред да заминат на одмор.

Севкупно одлична тимска игра, три асистенции на Јулијан Рирсон, двоен стрелец Серу Гираси, мајсторскиот Максимилијан Бајер, оставија свој белег на незаборавните 45 минути на Сигнал Идуна Парк.

Доминацијата на Борусија во второто полувреме заврши со четврти гол, Доменик Кор беше невнимателен и ја испрати топката во сопствената мрежа.

На табелата Дортмунд е на второто место со 54 бодови, три помалку од водечкиот Баерн Минхен кој својот меч од ова коло ќе го има в сабота на гости кај Вердер Бремен. Мајнц е на 14 позиција со 21 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот