ВИДЕО | Дориан Бабунски го постигна 11-тиот гол сезонава

Фото: dorianbabunski/Instagram

Репрезентативецот на Македонија, Доријан Бабунски го постигна својот 11-ти гол оваа сезона во триумфот на Дебрецин против МОЛ Фехервар.

Бабунски својот 11-ти гол сезонава го постигна по само седум минути игра во второто полувреме и сега е на делба на четвртото место на листата стрелци во првенството.

Во Дебрецин, Бабунски пристигна минатата зима од Ботев Враца и за година ипол постигна 15 погодоци во 46 натпревари.

Дебрецин со овој триумф дојде до четвртото место со 46 бода, еден помалку од третиот Пакс со кого се во битка за излез во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот