Лука Дончиќ/Los Angeles Lakers

ВИДЕО | Дончиќ се врати на теренот и издоминира, Лејкерси обезбедија плејоф

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија победничката серија и ја запишаа четвртата победа по ред, откако на домашен терен ги совладаа Кливленд со 127:113, а повторно на теренот блескаше Лука Дончиќ со 42 поени и 12 асистенции.

Вечерта за Лејкерс беше успешна уште пред почетокот на мечот, бидејќи по поразот на Финикс Санс обезбедија директен пласман во плејофот.

Дончиќ, кој го пропушти претходниот натпревар против Вашингтон поради суспензија поради повеќе технички грешки, се врати на паркетот и одигра доминантно. Од игра шутираше 13/26 и по 16-ти пат сезонава постигна 40 или повеќе поени. Голема поддршка имаше од Деандре Ајтон со 18 поени и девет скокови, како и од Остин Ривс со 19 поени.

Леброн Џејмс, чиј настап беше неизвесен поради болки во левото стапало, придонесе со 14 поени. Ист број поени постигнаа и Џејк ЛаРавија и Руи Хачимура.

Кај Кливленд кој претходно обезбеди место во плејофот, најефикасен беше Џерет Ален со 18 поени. Џејмс Харден во својот прв натпревар во родниот Лос Анџелес откако на 4 февруари пристигна од Клиперс постигна 17 поени. Потфрли Донован Мичел, кој застана на 10 поени (шут 4/10), додека Томас Брајант додаде 14.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот