ВИДЕО | Дончиќ го одигра натпреварот на кариерата, постигна 73 поени
Лука Дончиќ одигра спектакуларен натпревар во дресот на Далас Малверикс против Атланта Хокс (148:143) постигнувајќи неверојатни 73 поени.
Препорачано
Каков подвиг направи Дончиќ доволно зборува податокот што само Вилт Чебрлен и Коби Брајант постигнале повеќе поени. Чембрлен тоа го направи во 1962 година кога против Њујорк постигна 100 поени, додека Коби постигна 81 против Торонто во 2006 година, третиот рекорд исто така е на Чембрлен со 78 поени во 1961 година.
Четвртото место Дончиќ го дели со Дејвид Томпсон кој во 1979 година постигна исто така 73 поени.
Дончиќ шутираше неверојатни 25/33 од поле, 8/13 беа за три пени, а имаше и 10 скока и седум асистенции. Во сенка на Дончиќ остана Богдан Богдановиќ кој уфрли 24 поени додавајќи четири скока, две асистенции и две украдени топки за 27 минути игра.
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 27, 2024
НБА РЕЗУЛТАТИ:Атланта – Далас 143-148, Шарлот – Хјустон 104-138, Индијана – Феникс 133-131, Торонто – Л.А. Клиперс 107-127, Мемфис – Орландо 107-106, Милвоки – Кливленд 100-112, Њу Орлеанс – Оклахома 83-107, Сан Антонио – Портланд 116-100.


