ВИДЕО | Дончиќ блескаше против Далас и влезе во историјата на НБА лигата
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ги победија Далас маверикс во Тексас со резултат 116:110 (37:28, 28:24, 14:35, 37:23), а Лука Дончиќ одигра клучна улога во триумфот, запишувајќи 33 поени, осум скока и 11 асистенции против својот поранешен клуб во НБА лигата.
Препорачано
Словенецот уште еднаш го демонстрираше својот исклучителен талент и влезе во историјата на НБА како најмладиот играч кој постигнал 1.500 тројки во кариерата. Покрај Дончиќ, одлични настапи имаа и Леброн Џејмс и Руи Хачимура, двајцата со по 17 поени и осум скока, додека Леброн додаде и пет асистенции. Во тимот на Далас, најдобар беше Макс Кристи со 24 поени.
Со овој настап, Дончиќ се приближи до влегување во Топ 50 најдобри тројкаши во историјата на НБА, а Џејсон Тејтум, Пати Милс и Еди Џонс моментно се на 50 место со 1.546 постигнати тројки. На самиот врв на листата, секако, доминира Стеф Кари со неверојатни 4.214 постигнати тројки, но Дончиќ полека го гради својот пат кон врвот и го потврдува својот статус на еден од најдобрите шутери во модерната ера на НБА.
Со оваа победа, Лејкерси ја продолжија својата успешна турнеја, достигнувајќи ја својата 27 победа и сега го делат четвртото место со Феникс и Хјустон.
Серијата на Далас. од четири последователни победи беше прекината и тие се соочуваат со борба барем за пласман во плеј-ин. Далас го игра својот следен натпревар во Милвоки, додека Лејкерси се домаќини на Чикаго.
НБА лига, резултати:
Орландо – Кливленд 105:119
Чикаго – Бостон 114:111
Далас – ЛА Лејкерс 110:116
Јута – Мајами 116:147


