ВИДЕО: Дончиќ ја прекина црната серија, Бил собори рекорд на Мајл Џордан

Фото: EPA-EFE/ALEX GALLARDO

Кошаркарите на Далас маверика ја совладаа Атланта хоукс со 122:116 и ја прекина серијата од пет порази по ред.
Очекувано, прво име во победата на Далас беше Лука Дончиќ со 27 поени, 14 асистенции и осум скокови, а Кристапс Порзингис имаше учинок од 24 поени и 11 скокови.

Во редовите на Атланта, невообичаено Тре Јанг (21 поен) не беше најпрецизен, туку таа улога му припадна на Џон Колинс кој даде 35 поени и имаше уште 12 скокови.

Ѕвезда на вечерта во НБА лигата беше Бредли Бил кој е најзаслужен за триумфот на неговиот Вашингтон над финалистот Мајами од 103:100. Бил натпреварот го заврши со 32 поени и девет скокови и стана првиот кошаркар по 45 години кој во првите 17 натпревари постигнувал 25 или повеќе поени. Со ова постигнување, Бредли Бил го собори рекордот на легендарниот Мајкл Џордан кој во 1988 година имаше 16 натпревари на кои постигнувал 25 или повеќе поени.

ЛА Клиперс ексресно се рехабилитираше за поразот од Бруклин и со 121:99 го победи Кливленд. Блескаше Пол Џорџ со 36 поени, Каваи Ленард даде 24 поени, додека во редовите на Кливленд, најпрецизен со 27 поени беше Колин Секстон.
Милвоки бакс со 130:110 беше подобар од Индијана во натпревар на кој Јанис Адетокумпо оствари трипл-дабл од 21 поен, 14 скокови и 10 асистенции.

Резултати:

Шарлот – Филаделфија 111:118
Милвоки – Индијана 130:110
Атланта – Далас 116:122
Чикаго – Њујорк 103:107
Кливленд – ЛА Клиперс 99:121
Мајами – Вашингтон 100:103
Оклахома сити – Хјустон 104:87
Сан Антонио – Минесота 111:108
Њу Орлеанс – Феникс 123:101
Сакраменто – Бостон 116:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот