ВИДЕО: Дончиќ им набива комплекси на Клиперси, брејк на шампионот Лејкерс

фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Кошаркарите на Далас маверикс поведоа со 2:0 во првата рунда од плеј-офот против ЛА Клиперс, откако славеа и на вториот натпревар кој се играше во „Стејплс“ центарот со 127:121.
Уште еднаш, фантастична партија прикажа Лука Дончиќ.

Далас од почетокот имаше иницијатива по што во втората четвртина следеше одговор на Клиперси кои на одмор заминаа со минимална предност од 73;71. Во третата четвртина, Далас на крилјата на Дончиќ дојде до двоцифрена предност која ја „одбрани“ во последната четвртина за втор брејк на „дивите телиња“ во Лос Анџелес.
Лука Дончиќ уште еднаш прикажа фантастична игра постигнувајќи 39 поени и имаше по седум скокови и асистенции и повторно беше незапирлив за кошаркарите на ЛА Клиперс. Тим Хардавеј даде 28 поени, додека Кристапс Порзингис застана на 20 поени.
Кај Клиперси доминираше Каваи Ленард со 41 поен, а Пол Џорџ даде 28 поени.

Шампионот ЛА Лејкерс со победата од 109:102 над Феникс санс направи брејк и израмни на 1:1 во победи.
Лејкерси во првите три четвртини ги контролираа случувањата на теренот, но кошаркарите на Феникс во последната четвртина успеаја да дојдат до израмнување (86:86). Тогаш на сцена стапија Леброн Џејмс и Ентони Дејвис кои се погрижија за шампионот да дојде до победа.
Дејвис беше најпрецизен играч на теренот со 34 поени, Денис Шрудер постигна 24, а додека Џејмс застана на 23 поени. Кај Феникс, Девин Букер беше најпрецизен со 31 поен, а Деандре Ајтон постигна 22 поени.

Бруклин нетс немаше милост кон Бостон селтикс победувајќи со 130:108. Дилемите околу победникот беа решени во првата четвртина која Бруклин ја доби со 40:26.
Кевин Дурент беше најпрецизен кај Бруклин со 26 поени, Џо Харис даде поен помалку, Џејмс Харден постигна 20, додека Кајри Ирвинг 15 поени. Кај Бостон, Маркус Смарт даде 19 поени, а Кемба Вокер 17 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот