ВИДЕО | Докторите ги оставил без текст: 67 години не се искапел од една причина, а неговото здравје е перфектно

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Има 87 години, но повеќе од две третини од животот не се капе, а состојбата на неговиот организам збунила многу медицински работници, кога ќе се земе во предвид со што тој се храни и каков живот живее.

Имено, Амоу Хаџи од Иран тврди дека не се капел со децении, бидејќи сметал дека тоа ќе му донесе несреќа и на крајот и ќе го усмрти. Тој истакна дека главно се храни со мрша која ќе ја најде на патот, а дека вода пие директно од вирчињата на улица.

Сето тоа докторите ги оставило без текст, бидејќи ги шокирал фактот што всушност неговата здравствена состојба е добра. Истражувачите не можеле да поверуваат дека тој е совршено здрав!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Неговиот избор да живее така му отежнал да пронајде пријатели или емотивен партнер. Но, тоа во што тој навистина ужива е „пушењето луле наполнето со животински смет“.

Селаните во Иран биле толку импресионирани од неговата посветеност на неконвенционалниот начин на живот, па токму затоа одлучиле да му изградат и мала колиба, со цел да има каде да преспие. Инаку Амоу сака да спие во дупка во земјата.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Докторите кои го посетиле во неговата колиба во селото Дејгах, детално го прегледале и му направиле неколку тестови, кои покажале дека тој сепак нема сериозни болести или бактерии.

Докторите го тестирале на се, од разни облици на хепатитис и сида до паразити, и се што откриле било инфекцијата трихинелоза без симптоми.

Експерите биле заинтересирани да откријат различни видови на животински облици, вклучувајќи и паразити, кои би можеле да се наоѓаат на неговото тело, но сепак, информациите кои ги добиле биле сосема неочекувани. Професорот др. Голамрез Молави, кој го направил целосниот преглед, мисли дека Џаџи останал здрав поради развивањето на исклучително силен имунолошки систем.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Овој 87-годишен човек, исто така, бил во тек со актуелните случувања и разговарал за се со луѓето кои го посетиле.

Новостекнатата слава на пензионерот бездомник му го отежнала животот, бидејќи како што вели, иако комшиите го почитуваат, некои луѓе повремено се појавуваат да го исмеваат и му фрлаат камења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот