28.8 C
Скопје

ВИДЕО: Дино Мерлин со новата песна го сплоти Балканот: Само заедно можеме да ја преживееме оваа нова неволја

Во црногорскиот комплекс „Порто Монтенегро“ Дино Мерлин премиерно го претстави видеоспотот за песната „Ние“.

Ова е првиот сингл од претстојниот, дванаесетти по ред албум на овој кантавтор. Во реализацијата на спотот учествуваа уметници од Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Песната со која Дино Мерлин го обедини Балканот е полна со живот, оптимизам, надеж и верба за подобро утре.

„Ние“ го најавува новото време, време во кое повеќе од кога и да е треба да бидеме „Ние“, бидејќи само така можеме да ги надминеме предизвиците кои животот ги поставува пред нас“, вели Дино Мерлин, пренесува Азра.ба.

принтскрин/Youtube

Во новата песна Дино зборува за светот кој ни се менува пред очите, но и за нас, кои се менуваме заедно со светот, сакале или не.

Токму ние сме оние од кои зависи дали таа промена ќе оди на добро или не. Во време на пандемија, уште еднаш гледаме како сме упатени едни на други, како зависиме едни од други, како сме заедно во сето ова и како само заедно можеме да ја преживееме оваа нова неволја која ни се случи. Повеќе од кога и да е треба да бидеме „Ние“, да останеме луѓе едни за други“, вели Мерлин, пренесува Јутарњи.хр.

„И едните и другите сакаме да создаваме дела кои остануваат, промовираат и создаваат нови вредности за кои слично размислуваме, така што кога сега зборувам за соработката со Порто Монтенегро, без задршка можам да кажам „Ние“, додава Дино Мерлин.

За само еден ден песната „Ние“ достигна неверојатни скоро 800.000 прегледи на Јутјуб, пренесува Јутарњи.хр.

Слушнете ја „Ние“.

Поврзани вести

Слатко од малинки: подеднакво е корисно како свежите плодови

Слободен печат

Запознајте го Алекс, момчето што со насмевка ги освојува Скопјани и нивните мисли

Ана Голејшка

Oслабнете лесно: Овошје кое невидливо го забрзува метаболизмот

Слободен печат

Паднаа првите забрани: со вакцина „АстраЗенека“ не може на концерт од Брус Спрингстин

Слободен печат

Moите 1+5: По избор на Ана Стојановска – „Боречки клуб“

Слободен Печат

ФОТО | На падините под Јакупица со Тања Благоевиќ: Избрав да бидам чудо, како деца ни се и козите, билките, змиите, ластовичките…

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар