Деми Мур / Фото: EPA / Profimedia

ВИДЕО | Деми Мур не го криеше разочарувањето откако остана без Оскарот: Нејзината реакција го привлече вниманието

Иако се предвидуваше дека ќе добие Оскар за најдобра женска улога, Деми Мур остана без златната статуетка, а нејзината реакција откако Мајки Медисон беше повикана да ја земе наградата, го привлече вниманието на многумина.

Мур, која ја толкува главната улога во филмот „Супстанција“, беше најголемиот фаворит за Оскар, а неодамна токму за оваа улога освои и неколку награди.

Сепак, изненадување на вечерта беше 25-годишната актерка Мајки Медисон која ја доби наградата, додека Мур не можеше да го скрие незадоволството.

Експертот за говор на телото, Никола Хиклинг изјави дека Мур го изговорила зборот „убава“, но дека не се смешкала додека го кажувала тоа, пишува „Б92“.

Набргу по објавувањето на наградата, многу корисници на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство од одлуката на Академијата, посочувајќи дека Мајки Медисон „не го заслужила Оскарот и дека тој е украден од Деми Мур“.

Покрај Мајки („Анора“) и Мур („Супстанција“), во истата категорија спаѓаа и Синтија Ериво („Злобни“), Карла Софија Гаскон („Емилија Перез“) и Фернанда Торес („Сè уште сум тука“).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот