ВИДЕО: Де Хеа ја „одбрани“ победата на Манчестер јунајтед

Де хеа го одбрани пеналот на Кевин Нобл во 94 минута за триумф на Манчестер јунајтед над Вест Хем/ Лондон, Англија/19 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Манчестер јунајтед во драматичен натпревар го совлада Вест Хем со 1:2 во рамки на петтото коло во Премиер лигата.

Вистински јунак на „црвените ѓаволи“ беше голманот Давид де Хеа кој во 94 минута го одбрани пеналот на Кевин Нобл и со тоа го искачи Јунајтед на делба на првото место на табелата. Претходно, победата ја најави Џеси Лингард кој во 89 минута постигна гол за водство од 1:2.

Во првото полувреме, резултатот го отвори Бенрама со голот во 30 минута, за пет минути подоцна Кристијано Роналдо да биде прецизен за Манчестер јунајтед.

Екипата на Брајтон продолжува со одличните игри на стартот од Премиер лигата и дојде до четвртата победа со која се искачи на третото место на табелата. Брајтон на домашен терен славеше со 2:1 над Лестер. Маупај и Велбек му донесоа водство на Брајтон од 2:0, а Џејми Варди со својот гол успеа само да го ублажи поразот на Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот