ВИДЕО | Дарко Петковски Спејко: Изразит фаворит нема, КК Куманово може да победи секого

Од 5 јануари до 7 февруари имаме изиграно 10 натпревари. Имавме тежок месец, го издржавме овој период и на крај се тоа се исплатеше. Обезбедивме учество од втората фаза на БИБЛ лигата. Почнаа подготовките за патување и главно овој период ќе се посветиме организациски, изјави во Утрински брифинг Дарко Петковски Спејко, оперативен директор на КК Куманово.

„Бугарската екипа е добро позната за нас. Во првата фаза од БИБЛ лигата имаше скор 8:2, со тоа што двата порази беа од нас. Пловдив е спремна екипа, но ни одговораат како противници. Тука нема да ја прескокнам израелската екипа, која има бивши НБА играчи. Тоа ме радува, но нема да ја потценам нашата екипа и зошто да не се случи чудо – среќата ги прати храбрите“, додава Петковски.

„Сегашната состојба на табелата не е меродавна, бидејќи имаме најмалку натпревари одиграно. Влегувањето во Топ 6 е првото нешто што го имаме зацртано. После следи разигрувањето и се надеваме на успех“, смета Петковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот