ВИДЕО: Дали знаете кои биле првите автомобили во Скопје?
Првиот автомобил во Македонија од марката „форд модел Ф“ се појавил во Битола во 1905 година. Во 1911 година во Скопје пристигнале првите автомобили од марките „рено“ и „форд“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По Првата светска војна бројот на возила постепено почнал да расте, а цивилните власти овозможиле дел од возилата користени на Солунскиот фронт да се вклучат во градскиот сообраќај.
Првите сопственици на автомобили во Скопје биле индустријалци трговци и лекари. Меѓу нив биле Стојан Стојановиќ, сопственик на фабриката за сапун „Аеро“, фамилијата Петрови, сопственици на бензинските пумпи „Шел“, трговците Дича Филота, браќата Димитријевиќ и други.

Со зголемувањето на бројот на автомобили, се појавила потреба од бензински пумпи. Во 1927 година на плоштадот била отворена бензинската пумпа „Шел“.
Покрај неа постоела уште една пумпа „Шел“ како и две пумпи во Старата чаршија, сопственост на фамилијата Петрови со лиценца од „Стандард оил компани“.

Според „Службен лист на Вардарска Бановина“ од 19 декември 1935 година, во Скопје биле регистрирани 124 патнички автомобили, 24 товарни возила, 25 мотоцикли, 1300 велосипеди и 110 пајтони.


