ВИДЕО: Дали знаете кога и каде скопјани првпат се возеле со лифт?
Одговорот нѐ носи во далечната 1926 година…
Препорачано
Владислав Ристиќ бил скопски фармацевт, трговец и еден од најбогатите граѓани на Скопје во првата половина на 20 век. Поседувал аптека и неколку дуќани во центарот на градот.
Пред речиси 100 години, според проектите на архитектот Драгутин Маслаќ, завршена е изградбата на палатата на Ристиќ на плоштадот „Македонија“, позната како „Ристиќева палата“.
Кога скопјани го прашувале:
„Господине Ристиќ, зошто градите вакво чудо, толкава палата среде Скопје?“, тој духовито одговарал: „Градам споменик за себе“.
Култната палата ги надживеа и големата поплава во 1962 година, но и катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Во 1929 година во палатата решил да внесе иновација – лифтот на италијанската компанија „Штиглер“. Овој лифт бил првиот во Скопје и меѓу првите на Балканот!
Лифтот бил изработен од дрво, со носивост од 320 килограми и премачкан со махагониев и ореов премаз во комбинација со лак. Вистинска своевремена атракција. Работел 80 години, до 2011 година, кога станарите на Ристиќевата палата го донирале во Музејот на град Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
26мин
-
29мин
-
43мин
-
53мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


