ВИДЕО: Дали знаете дека Скопје е еден од ретките градови во Европа во кои брутализмот сѐ уште живее?

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога биле уништени две третини од Скопје, во градот започнала да се создава визија за иднината. Ова е периодот настануваат и некои од најнеобичните градби на Балканот.

Скопје, велат архитектите, е жив музеј на брутализмот, кој се развил од модернизмот по Втората светска војна и се препознава по масивни бетонски конструкции, видливи конструктивни елементи и суров, строг изглед. Модернизмот тежнеел кон елеганција преку едноставност, а брутализмот ја довел функционалноста и „искреноста“ на конструкцијата до многу потежок и понагласен визуелен израз, објаснуваат експертите.

Додека многу градови во источна Европа по падот на „железната завеса“ ги рушеа ваквите згради и објекти, дури и кога беа објекти од значење за културното наследство, Скопје во голема мера ги зачува.

ВИДЕО: Дали знаете кој бил „таткото“ на македонскиот филигран?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот