Камен мост / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО: Дали знаете дека Kамениот мост во Скопје има тајни простории во своите столбови?

Камениот мост, симболот на Скопје, според археолошките проучувања, бил изграден во 6 век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 г., во текот на градежните активности што биле преземени низ целата Империја од страна на императорот Јустинијан I.

800 години подоцна, мостот бил историски познат и како „Душанов мост“, во чест на српскиот цар Душан. Постојат историски записи и тврдења дека мостот бил надградуван и имал особено значење за време на неговото владеење во средината на 14 век, непосредно пред неговото крунисување за цар во Скопје, на 16 април 1346 година, кога градот станал неговата царска престолнина.

Според втората претпоставка, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 година, односно во 15 век.

ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ВИДЕОТО

Камениот мост го добил името поради тоа што бил изграден со кршен камен, а според првобитната форма, мостот имал 13 сводови, со вкупна должина 213,85 метри и ширина од 6,33 метри. Бил изграден од травертински блокови наредени со големо мајсторство и точност, меѓусебно врзани со железни кламфи, зацврстени со леано олово, кршен камен и малтер употребени во внатрешноста на столбовите.

Најинтересниот, но малку познат факт е дека дел од неговите столбови имаат внатрешни простории што служеле како стражарници и одбранбени точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот