ВИДЕО | Далас триумфираше над ЛА Лејкерс и ја прекина лошата серија во НБА
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, без повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, доцна синоќа гостуваа во Далас, каде што домаќините славеа со резултат 134:128 во НБА лигата. Лејкерс, кои веќе ја обезбедија титулата во Пацифичката дивизија, сега се изедначени со Денвер нагетс во борбата за третото место во Западната конференција.
Препорачано
Во неизвесен натпревар, кошаркарите од Тексас успеаја да одржат мала предност во завршницата и да остварат победа која има претежно престижно значење, бидејќи Далас веќе ги загуби сите шанси за пласман во плејофот.
Сепак, победата ги израдува домашните навивачи кои претходно гледаа 14 последователни порази во нивната сала, што е најлошата серија на Далас во последните 32 години.
Купер Флег беше одличен за победничкиот тим со 45 поени, осум скока и девет асистенции. За тимот од Лос Анџелес, 41-годишниот ветеран Леброн Џејмс повторно се истакна со 30 поени и 15 асистенции, само еден скок помалку од трипл-дабл.
НБА лига, резултати:
Далас маверикс – Лос Анџелес лејкерс 134:128
Хјустон рокетс – Голден стејт вориорс 117:116
Оклахома сити тандер – Јута џез 146:111
Бостон селтикс – Торонто репторс 115:101
Кливленд кавалирс – Индијана пејсерс 117:108
Милвоки бакс – Мемфис гризлис 131:115
Шарлот хорнетс – Минесота тимбервулвс 122:108
Орландо меџик – Њу Орлеанс пеликанс 112:108
Лос Анџелес клиперс – Сакраменто кингс 138:109
Бруклин нетс – Вашингтон визардс 121:115


