ВИДЕО | Д-р Трајановски: 2021 беше година со доста светли точки и покрај тоа што имаме ковид пандемија

д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ
д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ / Утрински брифинг

Секако дека медицината како наука мора да оди секогаш напред, без оглед на сите ковид кризи. Мора да се развиваме и мора да се едуцираме. Болестите остануваат, ќе има доста хронични болести кои ќе се третираат и понатака, така што јас мислам дека доаѓа крајот на ковид кризата, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ.

-Јас мислам и се надевам дека доаѓа крајот на ковид кризата, така што ќе може да се посветиме на нашата примарна работа. Годинава имаше доста светли точки во оваа црна година за здравството од аспект на ковид кризата. Можам да кажам дека тоа беше примарно на Клиниката за ортопедија, трансплантациите кои заземаа еден битен дел од нашата Клиника, вели д-р Трајановски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот