фото: crvenazvezdafk.com

ВИДЕО | Црвена звезда на чекор од пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите

Денеска во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите фудбалерите на Црвена звезда славеа на гости со 3:1 против Лех Познањ.

Српскиот првак поведе во деветтата минута со голот на Круниќ по асистенцијата на Ндиаје. Полската екипа успеа да дојде до израмнување во 34 минута преку Ишак, асистент беше Мутињо.

Црвена звезда повторно дојде во водство на стартот од вториот дел со вториот погодок на Круниќ (51`). Конечниот епилог го постави Бруно Дуарте во 73 минута, а овој пат асистенција запиша Иваниќ.

Реваншот кој ќе одлучи кој ќе патува во плеј-офот на ЛШ ќе се игра на 12 август во Белград.

Во другите денешни мечеви, Каират Алмати дома со 1:0 триумфираше над Слован Братислава, тимот на Клуб Бриж славеше на гости против Салцбург со 1:0, а без голови ремизираа екипите на Лудогорец и Ференцварош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот