Фото: instagram.com/kocaelispor/

ВИДЕО | Чурлинов со две асистенции во победата на Коџаелиспор

Денеска во 22 коло од најсилната турска фудбалска Суперлига екипата на Коџаелиспор со 3:0 на домашен терен го совлада Газиантеп.

После првото полувреме домаќините водеа со 1:0 со погодокот на Даниел Аџеј во 36 минута по асистенцијата на Хајдара.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Коџаелиспор настапи од 72 минута како замена за Бингол.

Токму нашиот интернационалец имаше исто така клучен придонес во освојувањето на бодовите, најпрвин убаво со пета му асистираше на Дурсун во 76 минута за зголемување на водството.

Во 81 минута од натпреварот, Чурлинов повторно асистираше, а во листата на стрелците се запиша Ривас.

Коџаелиспор после осмата победа сезонава е на седмото место со 30 бодови, а во следното коло ќе игра против Ризеспор на гостински терен на 20 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот