ВИДЕО: Чудо во Мостар, неверојатен пресврт на Зрињски против АЗ Алкмар

Во својот прв историски настап од групна фаза во УЕФА клупските натпреварувања, екипата на Зрињски во првото коло од Конференциската лига имаше сензационален резултат.
На теренот во Мостар босанскиот претставник иако имаше негатива од 0:3 против АЗ Алкмар, успеа да направи пресврт и стигне до победата.
По првото полувреме водеа Холанѓаните со 0:3 со головите на ван Бредероде во 10, Мијнанс во 32 и де Вит во 44 минута.
Во вториот дел се случи големиот пресврт, а еден од најзаслужните за истиот беше резервата Козуљ кој се прослави со два голови.
Козуљ настапи од 46 минута и само 120 секунди подоцна доаѓа до првиот погодок, потоа Чорлука се погрижи за намалување на 2:3 во 68 минута.
Израмнувањето се случи во 71 минута кога радост за домашните навивачи донесе Хрвановиќ, а конечниот епилог го постави Козуљ во 81 минута.
Првиот меч во ова натпреварување го имаше и Абердин кој загуби на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 2:1. За шкотскиот тим стартер беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапи до 56 минута.
Во другите мечеви од првото коло во Конференциската лига: Фенербахче – Нордсјеланд 3:1, Ференцварош – Чукарички 3:1, Генк – Фиорентина 2:2, ХЈК – ПАОК 2:3, Легија – Астон Вила 3:2, Лудогорец – Трнава 4:0.