ВИДЕО | Чуден случај со принцезата Латифа: Тврди дека е киднапирана, но ужива во Европа

Фотографијата на принцезата Латифа, ќерка на владетелот во Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум, повторно се појави во јавноста.

Овој пат, принцезата Латифа беше фотографирана на аеродромот во Мадрид. Ова е трет пат да се појави нејзина фотографија на социјалните мрежи откако во февруари беше снимено видео на Обединетите Арапски Емирати, во кое таа тврди дека е во заробеништво.

Нова фотографија од Латифа беше објавена на Инстаграм профилот на Сајонид Тејлор, жена која живее во Дубаи и наводно е долгогодишен пријател на принцезата, пренесува Би-Би-Си.

Ова е трета фотографија од принцезата Латифа објавена од Тејлор од средината на мај.

„Голем европски празник со Латиф. Се забавуваме и истражуваме “, наведе таа во соопштението.

На фотографијата, двете жени имаат маски и се чини дека се на аеродромот Барахас во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот