ВИДЕО: Чикаго и Оклахома во трката за НБА плеј-офот
Неизвесно беше и на двата натпревари од плеј-ин програмата на НБА лигата кои се одиграа ноќта меѓу средата и четвртокот, а на крајот победници беа кошаркарите на Оклахома и Чикаго. Тандерс го победија Њу Орлеанс со 123:118, додека Булси го совладаа Торонто со 109:105.
Препорачано
Чикаго надмина негатива од 19 поени на гостински терен и го победи Торонто со 109:105. Булси ќе се борат со Мајами за место во плеј-офот, а победникот од тој дуел таму го чека најдобриот тим на Истокот, Милвоки.
Најдобар во победничкиот тим беше Зек Лавин со 39 поени, Демар Дерозан постигна 23 поени за својот поранешен тим. Паскал Сијакам беше најдобар стрелец во поразениот тим со 32, додека Фред Ванвлит додаде 26 поени и 12 скока.
Оклахома сега ќе игра против Минесота за влез во првото коло од НБА плеј-офот, каде победникот од тој дуел ќе се соочи со тимот на Денвер.
Најзаслужни за гостинската победа на Оклахома беа Шеј Гилџес Александер со 32 поени, Џош Гиди со 31 поен, 10 асистенции и девет скока и Лу Дорт со 27 поени. Во тимот на Њу Орлеанс се истакна Брендон Инграм со 30 поени, додека Јонас Валанчиунас запиша 16 поени со 18 скока.
НБА, плеј-ин
Торонто – Чикаго 105:109
Њу Орлеанс – Оклахома 118:123


